Апасиев: Од тука тргнуваме, тргнуваме за да не застанеме и да ги истераме како црв од јаболко


Вчера и, официјално  Левица ја започна кампањата за парламентарните избори од Велес, градот на: Кочо Рацин, Панко Брашнаров, Гемиџиите, Ганчо Хаџи Панзов. Во присуство на огромен број на граѓани, претседателот на #Левица, Димитар Апасиев заедно со претседателскиот кандидат на #Левица, проф. д-р Билјана Ванковска и носителот во ИЕ 3, Борислав Крмов, се обратија пред велешани. 
 
На митингот во Велес најпрво се обрати претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска, која порача дека е блиску до влегување во втор круг на претседателските избори. 
 
„Голема возбуда е да се биде овде. Доаѓам од спомен куќата на Кочо Рацин, а овде туку што ги слушав и неговите стихови. Пред самиот почеток на овој митин додека си разговаравме со Димитар Апасиев  тој рече „Нема револуција без поезија“. И вистина е така, а Велес е вистински пример за тоа" - Порача Ванковска и притоа додаде:
 
„Посакувам да го изодиме овој пат борбено, чесно и доследно. Она што нас нè  разликува од оние што трчаат на кратки патеки, е тоа што ние трчаме маратон. Нас не нè задоволува фотелја и позиција. Ние имаме кауза.“
 
Во продолжение, носителот на ИЕ 3 - Борислав Крмов говореше пред велешани и истакна дека тој е единствениот носител кој го претставува обичниот, работниот македонски народ, за разлика од неговите противкандидати Сања Лукаревска и Драган Ковачки кои се олицетворение на олигархијата, експлоатацијата на народот и лицемерието.
 
На крај, претседателот на Левица - Димитар Апасиев со својот моќен и емотивен говор го означи почетокот на кампањата и порача:
 
„Левица оди над 120.000 гласови на овие избори и целосна пасокизација на СДС. На овие избори одиме на двоцифрен број на пратеници, а на наредните СДС мора да падне под 10 пратеници и да исчезне, а Левица ќе има над 30 пратеници. Е, тогаш ќе започне вистинската битка помеѓу левицата и десницата и ќе се пресметаме со лавчињата кои мјаучат пред и молчат пред УЧКите.
19.04.2024 - 13:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега