Апасиев: Отповликлив мандат за пратениците за да нема купи-продај-уцени пратеници

Лидерот на Левица Димитар Апасиев вели дека Левица се залага за отповликлив мандат на пратениците за да нема купи-продај во Собранието.

-Сега сфаќате зошто Левица се залага за ИМПЕРАТИВЕН (отповиклив), наместо за слободен (неотповиклив) мандат! За да нема купи-продај-уцени пратеници, мора да може оној кој ти го дал мандатот (народот/партијата) - и да ти го земе, ако не ја следиш програмата/линијата за која си избран. p.s. Тешко на таа Влада на која и требаат мафијаши и киднапери за да ја одржат на власт. Не оди далеку и долго, напиша Апасиев на Фејсбук.

12.11.2021 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега