Апасиев: Ова е невиден изборен грабеж

 

Има рок од 24 или 48 часа за приговор, ама не даваат увид во записниците, напиша на „Фејсбук“, Димитар Апасиев, лидерот на Левица.

„Дури и ако дадат увид, немаш како да споредиш дали бројот на гласови од хартиениот записник е ист со електронски внесените податоци – за да можеш да приговараш“, додава тој.

Според него, на Левица и се украдени гласови во Ново Село, па до Кисела Вода.

„По 30-40 гласа по изборно место. Наши членови од Карпош гласале со цели семејства, а на резултатите има 0 гласови. Тројца пратеници ни крадат во моментов“, напиша Апасиев.

Според последните податоци кои беа објавени уште утринава, од преработени 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места, Левица има освоено две пратенички места.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2020 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега