Апасиев: Платените медиуми на ДУИ лажат дека сум против Исламот - јас сум единствен кој ја поддржа Палестина


Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вели дека приказната која за него ја шират луѓето од власта дека бил противник на Исламот и муслиманите е дел од пропагандата на ДУИ.

Тој на социјалните мрежи ја споделува фотографијата од собраниската седница каде јавно отворено му даде поддршка на палестинскиот народ.

„Додека платените медиуми на ДУИ шират пропаганда дека Апасиев е против исламот, потсетување дека тој е единствениот пратеник кој се солидаризира со страдањата на палестинското население!“ – се вели во постот кој го пренесе Апасиев.

09.11.2021 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега