Апасиев: „Римско право е најбитен предмет на Правен, отиде Таљат у Рим и оп - одма синот за јавен обвинител му го избраа“

 

Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека Римско право, бил најважниот предмет на Правниот факултет. 

„Гледате ли оти РИМСКО ПРАВО е најбитен предмет на Правен! Отиде Таљат у Рим и оп - одма синот за јавен обвинител му го избраа“, напиша Апасиев на ФБ.

Инаку денеска, претседателот на Собранието, Талат Џафери беше на аудиенција кај Папата Франциск. Како што информираше на социјалната мрежа Фејсбук, му посакал долг живот, добро здравје и успешно извршување на светата должност. 

- Нашите две земји имаат нераскинливи историски врски преку важните личности од заедничкото минато - нашата Скопјанка и Албанка, Мајка Тереза и Светите апостоли Кирил и Методиј, објави претседателот на Собранието Џафери на Фејсбук. 

Во меѓувреме додека Џафери е во Рим, неговиот син беше избран за јавен обвинител. 

24.05.2023 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега