Апасиев: Сериозна е работава со вашава несериозност – Собрание водите или селска кооперација?

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев преку Фејсбук се пожали на несериозен пристап од страна на собраниските служби.

Тој вели дека од страна на претседавачот Талат Џафери во 09:00 часот добил покана во 11:00 часот како претставник да Левица да оди на координација во Уставната сала во Собранието.

-Сета среќа шо у Скопје жиевеам... Еве, у Охрид да живеев, ќе требаше ваљда со хеликоптер да летнам? p.s. Шала на страна, патец у средина. СЕРИОЗНА е работава со вашава несериозност! Собрание ли водите или селска кооперација!? Па ја во односот со студентите имам покоректно однесување, отколку вие „државници“ со пратениците, напиша Апасиев на Фејсбук.

Сабајлево, во 9:00 часот, добивам СМС дека денес во 11:00 часот сум поканет, како претставник на Левица, на координација...

Posted by Димитар Апасиев on Friday, 21 August 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2020 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега