Апасиев: Требаше да одговaрате за бришење на националниот идентитет, педерски го сменивте името

 

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев претходно побара од претседателот на Собранието, Талат Џафери да свика посебна Седница за пратенички прашања на која би се расправало за пропаста на Евростандард банката, преку пратенички прашања.

Во одговорот, Џафери ги цитираше членовите од Деловникот според кои седница може да свикаат само 20 пратеници, а зад барањето на Апасиев стојат двајца од Левица.

Апасиев ја критикуваше власта дека мандатот требало да биде вратен по неуспешниот референдум.

-Вие после референдумот требаше да си заминете, да си поднесете оставки цела Влада, а не потоа, да ми извини ЛГБТ заедницата, онака педерски да го менувате името на државата. Требаше потоа да бидете во затвор, затоа што направивте кривично дело, односно дозволивте Грција да може да го употребува името Македонија за своја област, а граѓаните на Република Македонија не може да го користат тоа име. Требаше да одговарате за бришење на националниот идентитет“, рече Апасиев.

Апасиев беше опоменат од Џафери поради вокабуларот, на што Џафери му рече се надева дека таков вокабулар не користи на предавањата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.08.2020 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега