Апасиев: Три сценарија за формирање влада се најостварливи, барањето за премиер Албанец е блеф на ДУИ

Димитар Апасиев, лидерот на Левица во синоќешното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 посочи дека постојат повеќе сценарија за формирање влада, но истакна дека најреални, а истовремено и најостварливи се три.

Според него, првото сценарио е коалиција на СДСМ и ДУИ, истовремено нагласувајќи дека барањето за Албанец премиер, е блеф на ДУИ. Во замена би го добиле МВР.

Втората можно сценарио би било формирање коалиција на  ВМРО-ДПМНЕ со сите други албански партии без ДУИ, а третото остварливо сценарио за кое вели нема државнички капацитет кај двајцата лидери, Мицкоски и Заев, е т.н. „скопска платформа како пандан на тиранската“.

-Мислам дека доколку продолжат експанзионистичките барања после секои избори на албанскиот политички кампус треба да се воспостави македонска или скопска, како сакате да ја наречете, платформа која што во четири точки ќе каже ова се црвените линии за да нема стрес кај македонскиот народ после секои избори дали ќе ни се федерализира државата, дали ќе се кантонизира. Показна, така јас ја нарекувам, показна една година до локалните, па заедно со локалните да има предвремени парламентарни избори каде што ќе се докаже дека во нашиот систем кога е државата во прашање двете најголеми македонски партии можат да коалицираат со цел да не дозволат федерализација на државата. Но, во тој случај, ниту Заев, ниту Мицкоски ќе бидат премиери, веројатно ќе најдат некој побезболен лик којшто би бил премиер една година, потенцираше лидерот на Левица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.07.2020 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа