Апасиев: Заменик министерката што го предлага законот за поблаги казни веќе има кривична пријава за злоупотреба на 75.000 евра

 
Заменик министерката што го предлага законот за поблаги казни веќе има кривична пријава за злоупотреба на 75.000 евра, пишува на ФБ, лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
„Иначе, оваа анонимусов шо ни е заменик-министерка за правда - Викторија Аврамовска МАНДИЌ (од СДС на Нашата Земја) е предложена да ги брани контроверзните измени на Кривичниот законик пред пратениците, пуштени шверцерски - по скратена постапка, со ЕУ знаменце...
И се тоа би било ОК, арно ама дотичнава има кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување од Град Скопје дека, во време на алкосот Шилегов (како негова секретарка), исплатила 75.000 ЕУР на фирма за изработка на веб-сајт кој никогаш не бил направен!?
И видете каков безобразлук - баш она, од цело СеДеСеМе, предлага намалување на казната баш за местење тендери!?“, стои во објавата на Апасиев на ФБ.

06.09.2023 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега