Апелација бара Кривичен повторно да одлучува за гаранцијата на Јанева

Кривичниот суд повторно треба да одлучува по понудената гаранција од поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, со која бараше да се брани од слобода, а по одлука на Апелациониот суд.

 

-Судијата на претходна постапка го отфрлил барањето без да се впушти во оценка на истото, иако во меѓувреме се смениле некои околности, на пример беше поднесено обвинение. Затоа го враќаме барањето назад во Кривичниот совет за да одлучи мериторно, изјави за „Фокус“ судијата Сафет Кадриу.

Јанева се уште се наоѓа на болничко лекување во „Филип Втори“, а во текот на денот треба да биде вратена во истражниот затвор „Скопје“. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2019 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега