Апелација на нозе - Ќе ја пријават Русковска за заканувачка порака

Апелациониот суд Скопје вчеравечер по пуштањето на поранешната шефица на СЈО Катица Јанева во домашен притвор, се кренал на нозе откако обвинителката Вилма Русковска му испратила смс порака на еден од тројцата судии кои донесоа одлука да ја пуштат Катица, дека ќе отвори финансиска истрага, јавува СДК.МК.

 САКАМДАКАЖАМ.МК дознава дека за утринава рано веќе бил закажан колегиум за содржината на пријавата до МВР против Русковска кон тројцата апелациони судии кои ја донеле одлуката за Јанева. Од Апелациониот суд велат: „Само нека повели, вратите ѝ се отворени“, пишува СДК.МК.

Русковска синоќа јавно соопшти дека ќе отвори финансиска истрага против тројцата судии.

Инаку, Катица Јанева вчера беше спроведена од затворот во куќен притвор во станот на син и во Центар, а го криеше лицето со качулка и не одговори на ниедно новинарско прашање.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2019 - 07:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега