Апсење во Кичево- приведен 72 годишен маж

Поради поседување оружје без дозвола уапсен 72 годишен маж во Кичево.

-На 23.04.2021 во 11.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода М.Б.(72) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден револвер непозната марка и 14 куршуми калибар 7,62мм, велат од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.   

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2021 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега