Апсење во Скопје- приведени три лица

Три лица уапсени во Скопје поради нелегално поседување на дрога.

Вчера попладне во 15 часот и 30 минути, полициски службеници од СВР Скопје на булевар „Видое Смилевски Бато“ ги лишиле од слобода Т.В.(38) и С.Р.(29), двајцата од Скопје, затоа што при извршен  преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја. 

Во вториот случај рано утринава пак во 01.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Втора Македонска Бригада“ го лишиле од слобода Џ.С.(26) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. 

По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2020 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега