Апсење во Скопје: Приведени три лица

Полицијата вчера приведе три лица од кои едно поради поседување на нож и двајца поради дрога во Скопје.

„Вчера во 20.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на кеј „Димитар Влахов“, ја лишиле од слобода Н.И.(36) од Прилеп, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена прашкаста материја.

По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 30.03.2020 во 17.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит пазар, го лишиле од слобода Е.Ќ.(38) од Богданци, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 30.03.2020 во 18.30 часот од полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Кочо Рацин“, при извршен преглед кај Е.А.(33) од Скопје, бил пронајден нож.

Тој бил приведен, поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“ соопштуваат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега