Апсење во Скопје- три лица приведени

Три лица биле приведени на различни локции низ Скопје, откако кај нив биле пронајдени дрога и ладно оружје.

„На 29.07.2020 во 22.20 часот на ул.„Македонско-косовска бригада“ во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода И.А.(19) од Скопје, кај кого при преглед била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 29.07.2020 во 22.15 часот во близина на бензинска пумпа во с.Сарај, скопско, од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Б.И.(31) од с.Љуботен, скопско, кај кого при преглед била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 29.07.2020 во 20.20 часот во нас.„Скопско поле“ во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен Д.А.(32) од Скопје, кај кого при преглед бил пронајден нож. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“ соопштуваат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.07.2020 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега