Арифи не гледа коалициски партнер во ВМРО-ДПМНЕ
Потпретседателката на ДУИ и градоначалничка на Тетово Теута Арифи изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не го гледа како партнер во новата влада и оти за ДУИ е важно одржувањето на Охридскиот, Преспанскиот, и Договорот со Бугарија.
-Ние на нашиот конгрес имаме јасно ставени линии и тие се однесуваа на Охридскиот, Преспанскиот, Договорот со Бугарија. Сметам дека ако се зборува за континуитет, се подразбира што е континуитет. Велам, додека нема официјален процес на разговори, комбинации може да слушате секакви, но јас мислам дека за ДУИ е важен тој процес на одржување на овие договори, апсолутно се поврзуваат со тие што ги креираа овие договори кои апсолутно ги поддржуваа и работеа на тие договори, рече Арифи.вечерва во гостувањето во отвореното студио на ТВ 24.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа