Армија на САД: Кинески авион дошол на шест метри од американскиот, со маневар избегнат судар

Кинески воен авион дошол на шест метри од авион на американското воено воздухопловство и го принудил да маневрира за да избегне судир над Јужното Кинеско Море, соопшти денеска американската војска.

Во инцидентот учествувале борбен авион Ј-11 на кинеското воено воздухопловство и авион RC-135 на американското воено воздухопловство, се вели во соопштението на американската војска, пренесе Ројтерс.

Инцидентот се случил на 21 декември, се наведува во соопштението.

29.12.2022 - 20:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега