Армијата доби донација во заштитна медицинска опрема од Кина вредна 250.000 евра

Донација во заштитна медицинска опрема од Народна Република Кина вредна околу 250.000 евра денеска и беше предадена на Армијата на Република  Македонија.

На примопредавњето во касарната во Ѓорче Петров пруствуваа државниот секретар во МО Драган Николиќ и кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо кој истакна дека станува збор за практична активност од соработката меѓу двете армии и двете земји и е искрена поддршка на кинескиот народ за македонскиот во борбата против вирусот.

-Донацијата е од нашата народна армија и е добар симбол да докажеме дека вистинските пријатели се гледаат во несреќа. Кина со искрена надеж сака да соработува со РСМ заедно да се бориме и побзро да го победиме вирусот, рече амбасадорот Ѕуо и нагласи дека оваа донација следи во редот на повеќе реализирани донации од збратимени градови, хуманитарни организации и компании од Кина.

 Донацијата што овојпат пристигна со експресен воз од Кина до Европа, се состои од 62.000 заштитни маски, 4.200 заштитни очила, 3.000 визири, 6.000 заштитни одела и комплети, ракавици, инфузиски пумпи, електрични термометри и два сета термални шлемови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа