Армијата испрати хеликоптер за гаснење на пожарот во Галичник

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите зафатена е борова шума, а куќите не се загрозени.

Во координација со Армијата и Центарот за управување со кризи, на пат е хеликоптер за гаснење пожар. На пат се и екипи од противпожарната служба, а на терен е екипа на Национален парк.

– Центарот за управување со кризи, по добиената информација за голем пожар над селото Галичник, околу 13.30 часот координираше со регионалните центри и локалната самоуправа, па заради непристапноста на теренот ја извести и Армијата, којашто ќе дејствува со еден хеликотер со ведро за гаснење за пожарот и заштиа на Галичник. ЦУК истовремено координираше и да се обезбедат и координати и лице на терен за комуникација со хеликоптерскиот армиски екипаж. Известена е и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Локалните едининици за противпожарна заштита (ТППЕ), Министерството за внатрешни работи (МВР), а и другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), согласно процедурите за работа на дежурните регионални центри за управување со кризи, информираат од ЦУК.

Шумскиот пожар заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото, но истовремено е опасност и за силите ангажирани за гаснење. Пожарот е на непристапен терен и гори борова шума, се додава во соопштението на ЦУК.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.05.2021 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега