Арнаудов: Имавме гаранции дека промената на името ќе биде само за надворешна употреба

Поранешниот пратеник и дел од ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, Ламбе Арнаудов зборуваше повеќе за разидувањето со неговиот поранешен партиски другар Љупчо Георгиевски.

-Некои викаат дека сум му бил десна рака. Јас му бев и лева рака, и десна нога и торзо. Му го посветив животот и имав огромна почит за него, а за возврат добив флуидно однесување од него. Нашето разединување дојде кога нашата заедничка љубов Македонија се постави за избор меѓу мене и него. Тој се определи за ова денеска, а јас не се согласувам со тоа и сметам дека денеска постапив правилно, рече Арнаудов во емисијата „Само интервју“.

Тој се надоврза и за промената на уставното име.

-Сум присуствувал на историски состаноци на кои се кроела судбината на Македонија, но не смеам повеќе да откривам. Убеден сум дека ќе имавме притисоци за ова денес што се остварува, но со една заедничка стратегија ќе можевме да го сочуваме името, барем за надворешна употреба, немаше да треба да се менува Уставот. Имавме гаранции дека евентуално промена на името ќе биде само за надворешна употреба. Нимиц кажа дека ја одолговлекувал работата за да нема интервенирање во Уставот. Груевски мислам дека ќе го решеше, додава Арнаудов.

19.05.2022 - 20:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега