Арнаутовиќ се извини на македонски и на албански јазик за пцовките со Македонија

На вчерашниот фудбалски меч меѓу Австрија и Македонија, изби конфликт меѓу Марко Арнаутовиќ и Езџан Алиоски. 32-годишниот Арнаутовиќ му дофрли неколку збора на македонскиот фудбалер, а некои медиуми го обвинија и за расистички навреди.

Тоа, сепак, беше демантирано од самиот Арнаутовиќ, кој одби секаква поврзаност со политика и расизам и јавно се извини на македонски и на албански јазик на социјалната мрежа „Инстаграм“.

Тој истакна дека во моментот кога бил под силни емоции кажал лоши зборови за кои сака да се извини, особено на неговите пријатели од Албанија и Македонија.

„Би сакал нешто да расчистам: Јас не сум расист! Јас имам пријатели во скоро секоја земја и и поддржувам различности. Секој кој ме познава е свесен за тоа. Извинете“, напиша Арнаутовиќ.

14.06.2021 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега