Арнолд Шварценегер стана дедо

 

Глумецот Арнолд Шварценегер стана дедо. Неговата ќерка Кетрин Шварценегер и нејзиниот сопруг актерот Крис Прат го добија првото дете.

Веста ја потврди синот на Шварценегер, Патрик.

-Супер се, само што ѝ купив мал подарок, рекол Патрик додека му честитале што станал вујко.

Тој го покажал и подарокот што го купил, со розева лента, поради што многумина почнаа да претпоставуваат дека станува збор за девојче, иако досега не е потврдено.

Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер, како и братот и сестрата на Кетрин исто така го посетиле домот на Кетрин и на Крис, иако сè уште не се огласија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.08.2020 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега