Арсовска: Црната кампања нема да ве направи победници, само ќе продолжите да тонете

На денешната прес конференција на кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, не беше презентиран нов проект, туку темата беше лавината лаги, црни кампањи и обвинувања инструирани од Шилегов, СДСМ и Заев.

„Ова што го прават ги поминува сите граници на нормалното и не доликува на една демократска држава. Ме навредуваа и јавно линчуваа членови на моето семејство, мојата мајка, татко, мојот син и сопруг. Ме навредуваа дека сум жена, се исмеваа и си поигруваа со моите здравствени битки во минатото. Но сега веќе претераа. Кога ги фаќа паника од пораз, очигледно се бездушни и подготвени на се“ – истакна Арсовска.

Таа ја искористи прес конференцијата за да упати три пораки. Првата порака Арсовска посочи дека се однесува на причините што стојат позади лажните наводи што ги извадија за неа во текот на последните денови. Како што кажа кандидатката за градоначалник, ваквите црни кампањи ги водат со цел да свртат внимание од вистинските криминали, тендери и скандалозни договори на Петре Шилегов. Арсовска пред присутните покажа повеќе документи поврзани со актуелниот градоначалник. Едниот од нив се однесуваше на неговиот анкетен лист, за кој како што kажа таа, не е целосен.

27.10.2021 - 19:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа