Арсовска: Јавен превоз користев до 2018 година, се додека не ја скршив ногата

Независната кандидатка на овие избори, Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното гостување на емисијата „Топ тема“ откри еден факт за неа. Таа информираше дека јавен превоз не користела од 2018 година, односно откако ја скршила ногата.

-Имав скршеница на две места и оттогаш не можев да чекам автобус околу 30 минути. Бев трајно онеспособена да ја имам функцијата на десната нога. Претходно редовно го користев јавниот превоз, рече Арсовска во гостувањето на емисијата „Топ тема“ и додаде дека планира да го користи јавниот превоз кога ќе се чека по 3-4 минути.

26.10.2021 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега