Арсовска му врати на Таравари: Нашата соработка заврши уште вчера - во Гостивар да си поставуваш директори не во Скопје

“Не ја разбирам вообразеноста и коментарите на господин Таравари, со оглед на тоа што соработката ни е завршена уште вчера. Кадровски решенија може тој лично да си поставува во Гостивар, а не во Скопје“ - порача скопската градоначалничка Данела Арсовска. 

„Со личност која напаѓа, која нема етички компас, оправдува во било која форма насилство и напад со огнено оружје како во вчерашниот инцидент и подгрева меѓуетнички тензии, нема основ да се соработува. Скопје е град на соживот, солидарност, во кој нашите сограѓани треба мирно и безбедно да живеат и да се почитуваат.” - порача Арсовска

Таравари вчера во ТВ емисија порача дека ќе предложи неговата партија Алијанса за Албанците да ја прекине соработката со Арсовска поради разрешувањето на директорот кој е брат на лицето кое беше фотографирано со пиштол. 

07.07.2022 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа