Арсовска: Нови училишни згради, библиотека и дигитализација на училиштата за образование на 21 век

Унапредување на условите на образовните институции кои ќе бидат безбедни за сите деца, родители и вработени како приоритет во работењето на секоја градска и локалнасамоуправа. Условите за работа во училиштата ќе овозможуваат квалитетен образовен, воспитен и социјален процес за нашите деца. Образовните институции во Скопје ќе бидат и места за поддршка на различностите, соработката и соживотот, најави на денешната прес конференција кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска.  

Како иден градоначалник на град Скопје, Арсовска најави изградба на модерна образовнаинфраструктура и современи услови за учење. Модернизацијата на сите училишта ќе биде согласно ЕУ стандардите, со цел подобрување на условите за учење и креирање образование во Скопје за 21-виот век!  

“Општина Аеродром конечно ќе ја добие долго ветуваната нова гимназија во оваа општина. Ова училиште ќе овозможи доволно капацитети во пресрет на големата заинтересираност и потреба токму во овој дел на Скопје. Нашата цел е да ја подобриме пристапноста на учениците од сите делови на градот до квалитетни училишта и да ги унапредиме условите во кои учат учениците, а со тоа и квалитетот на воспитно-образовниот процес. Предвидено е и изградба на нов објект за средното училиште Браќа Миладиновци, како и за средното училиште Лазар Танев. Со изградбата ќе се обезбеди современа квалитетна настава и услови за квалитетно стручно образование”, најави Арсовска. 

 

 

26.10.2021 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега