Арсовска: Податокот дека 21.000 вработени не земале плата за април показател за неликвидност на компаниите

На податокот што УЈП го потврди за Алсат, дека безмалку 21.000 вработени во приватниот сектор не земале плата за април, претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска, гледа како на информација којашто покажува дека претпријатијата во земјава се соочуваат со проблеми со ликвидноста.

 

Како што апелира таа, во вечерашното гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, потребно е навремена реакција од државата.

„Доколку не се реагира соодветно, навремено, веруваме дека во следниот месец, податоците коишто ќе треба да се презентираат ќе бидат уште посериозни“, вели Арсовска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2020 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега