Арсовска: Потребни ни се системски решенија - да го заштитиме Водно со закон

Заштита на Водно со закон и конечно решавање на проблемот со појавување на новиградби на парк шумата е едно од решенијата во програмата на независната кандидатка заградоначалник на град Скопје, Данела Арсовска.

Таа денеска на прес конференција потенцираше дека Водно стана место каде наместодрвја, почнаа да растат згради.

„Бевме сведоци како граѓаните го бранеа Водно со жив штит поради сечењето дрвја, сеобидуваа да ја одбранат парк шумата, но никој од локалната управа не им помогна,напротив застанаа на другата страна. Ова не смее да биде нашата реалност.

Градоначалникот мора да ги слуша барањата на жителите и да наоѓа решенија во нивенинтерес. Затоа во мојата програма го имаме Водно, зелен штит, она што жителите гобараат. Време е за системски решенија“, изјави Арсовска.

Проектот предвидува прогласување на Водно за парк на природата не давајќи можност задополнителни градби и целосна заштита на парк шумата којашто ќе има редовнопошумување како дел од проектот на пошумување на 100 000 квалитетни садници наавтохтони видови дрвја годишно.

Се планира доизградба на жичницата од Скопје до Средно Водно каде заедно со еколошкиот превоз ќе овозможи Водно да биде безавтомобили. Зелен штит на градот како проект предвидува 24-часовна лупа на Водно,односно постојана грижа за парк шумата. Ќе има 24 часовна патрола на редари кои ќе се грижат за заштита на шумското и природно богатство како и за безбедноста напланинарите при несакани ситуации, повреда или слично.

Во план е проектирање на новивелосипедски патеки, како и тракингпатеки за планинарење и поставување на мобилниединици за хигиена, туш, соблекувални при организацијата на рекреативни активности.

02.10.2021 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега