Арсовска: Реализирани се сите ветувања кои беа предвидени во првите 82 дена

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во денешното вклучување во вестите на Сител телевизија се осврна на реализираните проекти и ветувања во  првите 82 дена од нејзиниот мандат. Како најзначаен проект Арсовска ја издвои големата акција за расчистување на дивите депонии во сите населби во градот и објасни дека на почетокот на акцијата биле мапирани 120 диви депонии, а досега се исчистени 150 депонии. 

  • Оваа акција продолжува и во наредниот период, при што ќе се постапува и по пријави од граѓаните, за да се заштити нивното здравје и да се заштити воздухот, почвата и подземните води од загадување – рече Арсовска.

Градоначалничката се осврна и на новоотворената канцеларија за комуникација со граѓаните, меил-адресата 24@skopje.gov.mk и телефонскиот број 3297 255, каде што граѓаните можат да пријават проблем, а тим од Градот Скопје ќе излезе на терен и ќе интервенира. Во контекст на подобрување на условите во кои живеат граѓаните, додаде таа, се и активностите за решавање на проблемите во таканаречените заборавени населби, во кои со години се таложеле проблеми без да се понуди решение.

На прашањето дали скопјани наскоро ќе се возат бесплатно во автобусите на ЈСП, градоначалничката Арсовска одговори дека постапката за воведување бесплатен автобуски превоз е веќе почната, а прво ќе се консолидира јавното претпријатие за бесплатниот превоз да се реализира што е можно поскоро. 

31.01.2022 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега