Арсовска: За компаниите најважен е континуитетот на мерките за државна помош

Континуитет на државната помош најмногу им требаат на компаниите, истакна денеска претседателката на Сојузот на стопански комори во интервју во Дневникот на Сител.

-Мерките мора да продолжат сѐ до оној момент додека трае оваа економска криза во Македонија. Затоа е многу важно да се има овој континуитет, пред сѐ, за да се влее сигурност и стабилност кај претпријатијата. Да им се овозможи сите загуби што ги имаат да можат да генерираат барем некаков минимален доход за да можат да ги покријат и да можеме по завршувањето на економската криза да почнеме со опоравување на претпријата за да можеме да постигнеме соодветен раст, рече Арсовска.

Вели дека членството на ССК побарало да продолжи неповратната финанска помош, но и повластените кредити.

Според неа, мерките мора да бидат насочени кон малите и средните компании бидејќи тие се најмногубројни во Македонија.

Вели дека степенот на помош од претходните мерки зависел од самите потреби на компаниите.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2021 - 19:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега