Арсовска: Зголемен е бројот на жени во претприемништво - тие се мотивација и за другите

Голем е бројот на бизниси кои и во периодот пред пандемијата со Ковид-19, но и сега, истакнуваат дека дури 90 проценти од микро малите, малите и средни претпријатија кои пристапуваат во делот на финансирање на нивните претпријатија се соочуваат со проблеми за можност за кредитирање. Ова најмногу беше нагласено во овој пандемски период кај жените, истакна Данела Арсовска, независна кандидатка за градоначалник на Скопје и актуелна претседателка на Сојузот на стопански комори на Македонија на денешната панел-дискусија на тема „Ковид-19 и економското влијание врз жените”, на Првата годишна меѓународна конференција „Жените во надворешната политика”. 

„Значително е поголем бројот на жени кои се охрабруваат да започнат своја приказна во приватниот сектор. Статистиката вели дека над 60 проценти жени се обидуваат да ги направат своите почетоци во оние дејности кои имаат помали маргини на профит. Тие жени имаат помалку средства за инвестирање, имаат мала добивка и немаат шанси да растат со темпо кое треба да го имаат поради добрата и квалитетна идеја”, нагласи Арсовска. 

Таа истакна дека навистина и е драго што сепак има и позитивни примери за успешни жени кои треба да бидат мотивација за жените во Македонија.

„Овие позитивни примери на жени треба да бидат водилка и мотивација на сите жени во Македонија дека можеме, знаеме како и умееме да создадеме успешен бизнис кој ќе расте и ќе се развива”, додава Арсовска.

15.09.2021 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега