Арсовски: 200 илјади евра од Коста Петров за агенцијата на советник од Град Скопје, јавно го повикувам на дебата Петров за овој скандал

Коста Петров со денешната реакција и демант штотуку призна дека е сомнителен тендерот со кој се ангажирани двете маркетинг агенции.200.000€ на граѓаните завршуваат како испумпани пари во нечии џебови на функционерите на СДСМ или пак партиските кампањи се исплаќаат преку државните институции.СДСМ не е ништо повеќе од клептоманска партија која само краде.Само доколку ги отворите еден од профилите на социјалните мрежи на челните лица на агенциите (фото во прилог), ќе можете да забележите несебична поддршка за СДСМ и нивни градоначалници и партиски функционери, што дополнително докажува дека парите од ФИТР завршуваат на сомнителен начин.ДОПОЛНИТЕЛНО, една од двете агенции што земала дел од овие 200.000€ е застапувана и е на советник од СДСМ во Град Скопје, стои во Фејсбук статусот на Димса Арсовски.

– Коста Петров доколку сметал дека е погрешно ангажирање на маркетинг агенции во време на пандемија во висина од 200.000€, имал доволно време да ги раскине и да ги ревидира. Дополнително доколку не учествуваат тие две агенции во работата на Коста Петров, што всушност работат? Дали тоа значи дека ништо не работат и земаат 200.000€ туку така? Кои се работните обврски на овие две агенции? Доколку Коста Петров смета дека е во право јавно го повикувам на дебата со мене да ги изнесе своите аргументи. Може да прати и некој “од тимот” како што вели дека заедно работеле. Во спротивно стравот од соочување ќе биде потврда на сомнежите на јавноста. СДСМ Клептоманска се фатени живи во класичен сомнителен и криминален тендер, пишува тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2021 - 17:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега