Арсовски: Без оставка на Заев и Филипче нема објективна истрага за пожарот во Тетово

Најнапред да изразам уште еднаш сочувство до фамилиите и семејствата на загинатите во вчерашната трагаедија. Венко Филипче нема одговор на ниту едно прашање кое што ја интересира јавноста и кое што му се поставува цел ден, но во едно е сигурен и знае единствено дека нема да поднесе оставка, изјави денеска за медиумите, Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Воедно тој не знае дали чувствувал морална одговорност и ќе го чекал извештајот на Оливер Спасовски. Сочувствуваме што 14 животи згаснаа во институција за чија безбедност и животи би требало да се грижи Министерството за здравство. Oна што првенствено сакаме да го потенцираме во овој момент, уште една кажувам да го потенцираме е потребата од неутрална и објективна истрага и лоцирање на целосна одговорност за вчерашната трагедија, рече тој.

Според Арсовски без оставка на Зоран Заев и Венко Филипче кои што можат да влијаат на истрагата нема да биде можна непристрасна и објективна истрага.

– Во овој случај доколку не дадат оставка Зоран Заев и Венко Филипче ќе истражуваат за пропустите на Венко Филипче и Зоран Заев. Класичен апсурд. Зоран Заев и Венко Филипче да покажат барем малку доблест и да ги ослободат институциите од нивните притисоци, додаде тој.

09.09.2021 - 19:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега