Арсовски: Излегоа на површина лукративните дејанија на СДСМ и манипулацијата со рекламниот простор во медиумите

 

Предвремените парламентарни избори поминаа и излегоа сите лукративни дејанија на СДСМ, истакна денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Вели дека Агенцијата за медиуми го објави извештајот за платено политичко рекламирање, каде што, како што рече, може јасно да се забележи соодносот на рекламирањето помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, при што е 2 наспроти 1, односно двојно повеќе простор доби СДСМ за платено политичко рекламирање на овие избори.

-На што се должи ова? На само 5 минути пред завршувањето на вонредната состојба во Република Македонија, воведена заради справување со пандемијата од Ковид-19, СДСМ наместо да се посвети на сузбивање на пандемијата, на последната седница на Влада, 5 минути пред да заврши вонредната состојба, изгласаа уредба во пресрет на предвремените парламентарни избори за медиумски мрак и гушење на политичкото претставување на опозицијата. Не само што беше против законски, туку беше директно мешање во изборниот процес. Па така, ВМРО-ДПМНЕ доби ограничен простор за рекламирање во медиумите, а СДСМ доби простор да може да се рекламира и двојно повеќе од ВМРО-ДПМНЕ. Користењето на вонредната состојба за ваква уредба значеше гушење на медиумскиот рекламен простор за ВМРО-ДПМНЕ, каде што СДСМ директно мешајќи се и интервенирајќи во изборниот законик, придонесе да се ограничи рекламниот простор на штета на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, за да истата СДСМ може да манипулира со рекламниот простор во медиумите, рече Арсовски.

Според него, ова била и една од причините за најнедемократските избори и изборниот грабеж кој, како што рече, што се случи на овие избори.

-Лукративните намери на СДСМ каде што ја искористија вонредната состојба за директно мешање во изборниот процес, а не за борба со корона пандемијата, излегоа на површина и веќе се јавно достапни. Од СДСМ и не може да се очекува нешто друго, рече Арсовски.

Арсовски: Излегоа на површина лукративните дејанија на СДСМ и манипулацијата со рекламниот простор во медиумите

Posted by Press24.mk on Tuesday, 4 August 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега