Арсовски: Кандидатурата на Сашко Николов за градоначалник на Штип е плукање в лице на 100 избркани работници од Баргала

Во само 10 месеци, новиот пулен и миленик на Зоран и Вице Заеви, градоначалникот на Штип, Сашко Николов, си го покажа правото лице. Кандидирањето од СДСМ на Сашко Николов за градоначалник на Штип, за жал е плукање во лице на над 100 фамилии чии луѓе беа избркани од Баргала, која е семејна фирма на Сашко Николов. Ова е брутално исмевање во лице на овие напатени граѓани, рече на прес конференција Димче Арсовски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Сите знаеме дека тој со неговата ароганција се пофали дека лично ги дизајнирал чевлите што сакал да му ги направат во Баргала, за откако ќе му ги направат напатените работници, потоа да видиме како се исплаќаат плати по 2 денари, за потоа да избркаат над 100  луѓе од работа и да не исплаќаат плати по 4 месеци на вработените, за што се отвори и стечајна постапка. Ако вака се однесуваат со сопствем, личен, семеен имот, замислете како се однесуваат со имотот на граѓаните и со општината – вели Арсовски.

Според него, Николов така владее и со Штип изминативе 10 месеци, се обидува да ги залаже граѓаните со минијатурни полупроекти, што не се ниту 10 отсто од програмата што ја ветија во 2017 година.

За нереализираните проекти, потполно им е јасно на штипјани. Еден доктор кој цел живот живее во Штип, да не се заинтересира да се доправи клиниката во Штип, кој е универзитетски град, да нема една модерна клиника, покажува колку му е гајле за општина Штип и за штипјани. Дури ни гасификацијата која ја вети пред 10 месеци дека ќе ја отпочне за три месеци откако ќе биде избран, сѐ уште не е почната. Каналот за наводнување на Караорман кој го вети, сеуште нема абер да го отпочне – вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

17.07.2021 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега