Арсовски: Молкот за тендерите кои ги доделиле СДСМ на нивниот советник ги потврдува сомнежите за криминал

Поминаа неколку дена од обелоденувањето на скандалозниот тендер за маркетинг од 200.000 евра во Фондот за иновации, а од СДСМ и власта гледаме единствено молк. СДСМ преку државните институции доделила над десетина милиони денари во тендери на нивни советник од Град Скопје, кој ја раководи маркетинг агенцијата  Бригада Дизајн, обвинува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Човек кој нема гукнато, нема изустено ниту еден збор изминативе 3 години и нема дадено никаква изјава во градот Скопје како партиски функционер на СДСМ, дебело се нафатирал и обогатил од парите на граѓаните, односно од парите на државните институции. Молкот од страна на власта и СДСМ и сеуште непреземањето на никакви чекори е потврда на сомнежите дека се работи за потенцијален криминал и испумпување на народните пари преку фирми на функционери на СДСМ во конкретниот случај фирма на Бојан Ивановиќ, советник во редовите на СДСМ во Градот Скопје, истакна тој.

Арсовски обелоденува дека во периодот од 2018 до 2019 година и 2020та година Бојан Ивановиќ од СДСМ добил неколку милионски тендери во денари од Фондот за иновации и уште два тендери од Регулаторната комисија истата онаа комисија која им ја покачи цената на струјата на граѓаните.

-Вкупно над 10 милиони денари, народни пари, завршиле во џебот на функционер на СДСМ, понатаму не знаеме каде. Над 55.000 граѓани останаа без работи, огромен број на компании пропаднаа заради економската криза и некапацитетноста на власта да им помогне и да се справи, а СДСМ и нивните функционери испумпуваат пари на граѓаните од Буџетот на фимрите односно институциите на државата. Затоа повторно јавно прашуваме исто како и вчера, дали СДСМ ќе преземе одговорност за овие тендери, дали Петре Шилегов ќе побара оставка од својот советник Бојан Ивановиќ, дали Коста Петров ќе го раскине спорниот тендер и ќе направи ревизија на претходните тендери кои што му биле доделени на истиот овој човек кои што исто така се прилично сериозни суми и дали конечно антикорупциската комисија која стана експерт за прикривање корупција на власта изминатите три години, конечно ќе отвори случај да ги истражи сите овие тендери и на кој начин завршиле во џебот на еден советник од редовите на СДСМ? Институциите се на потег, но знаејќи ја нивната сервилност кон власта, Заев и СДСМ, очигледно ќе молчат додека некој ги краде парите на граѓаните, порача Арсовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2021 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега