Арсовски: СДСМ ги угнетува наставниците

Ова што се случува во моментот во Република Македонија, во образованието, и сите протести, на кои што наставниците го креваат гласот е резултат на угнетувањето на просветните работници, и нивната работа воопшто не е вреднувана, и затоа доаѓа до протестите организирани од СОНК, кажа Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ при отворање на денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ – „ Повисоки плати за просветните работници“ .

Тој даде и ретроспектива, дека и во периодот од 2002 до 2006 година, кога СДСМ биле на власт исто така условите за работа во образованието и платите на наставниците биле ниски, како што кажа, најниската плата била 3.600 денари, додека пак просечната била 7.500 денари, по што уследило зголемување на платите во време на ВМРО-ДПМНЕ, кога е и триплирана платата на наставниците.

Во изминатиов период одат само надолу, и нивната несозреаност да ги решат проблемите во образованието резултира со тоа да нашите универзитети и образовните институции паднат многу ниско на светските ранг листи, кажа Арсовски.

СДСМ ги угнетува наставниците, и не сака да ги реши нивните проблеми, напротив, само ги проширува и натрупува, изјави Арсовски.

17.04.2022 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега