Арсовски: „Скафандер министерката“ стана „скандал министерка“ - после обидот за цензура во културата да си поднесе оставка

Во духот на протоколите кои власта на Ковачевски ги потпиша со Бугарија, скафандер министерката сака да наметне орвеловски свет во македонската култура. Се обидува да наметне брутална цензура врз македонското бесценето творештво и култура. Срамота. Таа без срам им порачува на македонските автори да не користат историски наратив во нивните дела, затоа што токму со протоколите кои ги имаат потпишано, Бугарија има право да посочува на некаков говор на омраза, кој само таа може да го види каде што постои, односно не постои, кажа портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Арсовски вели дека врз основа на таквите видувања на Бугарија, македонската влада нема да смее да финансира ниту филмови, ниту романи, ниту пак песни. Ете затоа, скафандер министерката дава изјави во кои што јавно и јасно кажува дека се срами од македонската историја, од македонското творештво, кое според неа не враќало во некои мрачни времиња.

„Оваа скандалозна и цензурирачка изјава на министерката, јавноста не и ја заборава и затоа гласно бара оставка од неа. Најубавите дела во македонското културно творештво се на темата историја. Сите ги имаат прочитано, сите ги знаат, очигледно само министерката не ги прочитала. Нивото на познавање на политиката во културата на министерката, очигледно и очекувано е за недоволен еден. Впрочем, наместо унапредување на областа која што ја раководи, заштита на македонските интереси преку културата, од министерката гледаме и слушаме јавно погазување, негирање и цензурирање“, вели Арсовски.

 

Арсовски кажа дека оставка е ќе биде светло на крајот од тунелот за македонската култура во оваа траги-комедија во која не внесе СДСМ.

„Костадиновска единствено што е позната по скафандер како скафандер министерка сега веќе е позната како скандал министерка. Најважно во моментот е да престане да ја срами областа која што ја раководи и да се повлече и да си даде оставка“, смета портпаролот на партијата.

08.08.2022 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега