Арсовски: Тестовите за Ковид-19 се наплаќаат 4 пати поскапо од пазарната цена

 

Бидејќи тестовите за граѓаните се бесплатни, станува збор за сумата која Фондот за здравство ја наплаќа од министерството за здравство.

„Сето ова би било нормално, доколку тестовите во приватните клиники чинеа исто колку и во јавното здравство, а не трипати помалку односно 1.200 денари и 1.500 денари по тест во една од приватните клиники. Разликата е огромна во цените на тестот од приватните клиники до јавното здравство, односно разликата во цената е дури 3.750 денари“, рече Арсовски.

Тој додаде дека министерот за здравство, Венко Филипче вчера искоментирал дека не знае зошто цената е толку повисока на тестовите во јавното здравство, а Фондот за здравствено осигурување немал прецизен одговор, за потоа министерството за здравство да реагира дека во таа цена влегувале и платите на луѓето и другите трошоци за одржување на институтот.

„Од ниту една од институциите под капа на Венко Филипче и Ден Дончев, инаку сите знаеме од претходно вмешани во сериозни криминалии во врска со рекетирање на фирми кои се занимаваат со дијализа, нема конкретен одговор зошто цените се толку различни, односно зошто толку висока цена наплаќа Фондот на министерството. Чудно е и тоа многу, како приватните клиники кои нормално е да имаат и имаат поскапи цени за услугите од јавното здравство, во цените од 1.200 и 1.500 денари немаат вкалкулирано плати за вработени и цени за одржување, односно тоа е цената колку што чинат тестовите. А, сите знаеме дека цените во приватното здравство се далеку поскапи од јавното“, додаде Арсовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега