Арсовски: Ушилковски ќе одговара затоа што не зависи од Заев, да зависеше, сега ќе превезуваше нова пратка

Го слушам Зоран Заев со каква леснотија одговара за случајот со фатената дрога и просто не ми се верува. Без грам срам, без грам одговорност, без грам чесност. Вели, Александар колку сакал може да се дружи со Трајче Заев, но ќе одговара. Па да, ќе одговара, затоа што не зависи од тебе, затоа што е фатен во акција на ДЕА и не можеш да му помогнеш, инаку да зависеше од тебе најверојатно Александар другар му на Трајче Заев сега ќе превезуваше нова пратка. И доста ги лажете луѓето, Александар Ушилковски настрана од тоа дали му бил другар или не на братучед ти, притворениот за дрога му бил личен возач. Тоа го виде цела држава како го вози во Мајбахот, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

-Чудно, ама многу чудно, дури за неверување, како секој озлогласен криминалец или фатен во некаков криминал, излегува дека е пријател, другар, партиски пријател, се сликаат заедно или е човек што работи за семејството Заеви или за некој висок функционер од СДСМ.

Напротив, не е чудно, ова е реалноста. Вие секој ден се дружите со криминалци и работите за себе, а не за државата. И треба да одговарате сите до еден од картелот Заеви.

Ако толку сте чесни и транспарентни, а не сте, извадете ги јавно сите удели што ги има било кој поврзан со Заеви во домашни или странски фирми поврзани со канабис, па да видиме во што сее вмешани Заеви, а во што не се, пишува тој на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега