Арсовски: Во време на претседателот Христијан Мицкоски струјата се намали два пати

СДСМ брутално лаже и ја дезинформира јавноста кога вели дека во време кога директор на ЕЛЕМ директор бил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски поскапела струјата, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски кој во четири точки ги наведе фактите како во време на Мицкоски струјата се намали и ЕЛЕМ работеше во добивка, а со СДСМ струјата расте, а ЕЛЕМ е во загуба.

– Еве ги голите факти и ниту збор повеќе. Два пати се намалува цената на струјата во време кога Мицкоски беше директор на ЕЛЕМ, рече Арсовски.

Како втора точка потенцираше дека кога премиер е Заев цената на струја се покачува два пати, што е сосема различно

– Разликата во водењето на енергетскиот сектор е јасна. ЕЛЕМ до директор Христијан Мицкоски беше оставено со полна каса, цели 30 милиони евра, поточно 25 милиони евра депозити и 5 милиони евра пари на сметка. ЕЛЕМ односно Електростопанство на Македонија со директор кадар кој е лично назначен од Заев сега е со минусно салдо од 16 милиони евра, посочи Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека четврта поента која мора граѓаните да ја знаат е дека гасификацијата со СДСМ е целосно заглавена, и терцијалната и примарна мрежа.

– ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поевтини цената на струјата, парите од акцизата на горивата ќе ги врати кај народот, и ќе обезбеди гасификација на половина од домаќинствата со бесплатен приклучок за гас, нешто што е непознато за оваа влада на СДСМ. Наместо поделена Македонија како тоа го прават Заев и СДСМ, Македонија на сите луѓе, изјави Арсовски.

15.07.2021 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа