Атиџе и Штајнмаер си разменија тегли со мед: „Ако ги сакате пчелите, тие ќе ви возвратат“

Хероината од документарниот филм, Атиџе Муратова му подари од својот мед на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер.

„Ако ги сакате пчелите, тие ќе ви возвратат”, му ја објасни Атиџе својата врска со пчелите на германскиот претседател, пренесе „Дојче Веле“.

Штајнмајер на Муратова и’ подари мед од негово производство од замокот Берлин.

Германскиот претседател во Старата турска чаршија се сретна со екипата на „Медена земја”.

Претходно, со својот домаќин, претседателот Стево Пендаровски, Штајнмаер во чаршијата пиеше турски чај и се запозна со начинот на изработка на уникатен накит

30.11.2022 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега