Ауреску: Новата методологија да не биде оправдување за ново одлагање на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Министерот за надворешни работи на Романија, Богдан Ауреску, денеска порача дека новата методологија за пристапните преговори не смее да биде ново оправдување повторно да се одложи отворањето на преговори со Македонија и Албанија.

– Ја поддржуваме одлуката за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија што е можно побргу. Ќе ја слушнеме презентацијата на Европската Комисија за ревидираната методологија, ќе разговараме за тоа, можеме да ја направиме оваа методологија поефикасна, но единствен услов е таа да не ги блокира или одложи тековните процеси, посебно со Албанија и Северна Македонија изјави Ауреску.

Министрите за надворешни и европски работи на ЕУ денеска во Брисел ќе бидат брифирани од Европската Комисија за ревидираната методологија за преговарање и за реформскиот напредок во Албанија и Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2020 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега