„Авицена лабораторија“ ги намали цените на тестовите за ковид-19

„Авицена лабораторија“почнувајќи од 17.6.2021 година,ги намали цените на тестовите за ковид-19 за своите клиенти, и со тоа новите цени се следните:

Ковид-19 молекуларен PCR-тест за едно лице чини 2.000 денари

Ковид-19 молекуларен PCR-тест за две лица чини 1.800 денари (цена по лице)

Ковид-19 молекуларен PCR-тест за 3 или повеќе лица чини 1.600 денари (цена по лице)

Ултрабрз ковид-19 PCR-тест за едно лице чини 4.500 денари– резултати за само еден час

Ултрабрз ковид-19 PCR-тест за две лица чини 4.000 денари (цена по лице) – резултати за само еден час

Резултатите се издаваат истиот ден со бесплатен превод на англиски јазик,а тестовите се работат секојден во неделата, односно од понеделник до сабота од 07.00 до 19.00 часот и недела од 08.00 до 13.00 часот во лабораторијата во населба Тафталиџе во Скопје, како и во лабораторија во Тетово секој работен ден од 07.00 до 14.00 часот и сабота од 08.00 до 14.00 часот.

Со секој напрaвен молекуларен PCR-тест за ковид-19 почнувајќи од денес 17.6.2021 до 4.7.2021 година, „Авицена лабораторија“ обезбедува и бесплатен тест за одредување неутрализирачки IgG антитела кон SARS-CoV-2 (антитела кон s-spike протеинот). Ова е високосензитивен тест штодава информација за имунолошкиот одговор на организмот по контакт со вирусот, односно по спроведена вакцинација.

„Авицена лабораторија“ е најголемата специјалистичка дијагностичка лабораторија во државата со повеќе од 120 вработени и над 16 години искуство и претставува една од првите лаборатории во државата којапоседува меѓународен Сертификат за акредитација за квалитет и компетентност на медицински лаборатории, во согласност со стандардот MKC EN ISO 15189:2013.

Овој сертификат одговара на меѓународнитебарања и протоколи за патување во различни земји, со што резултатите за ковид-19 издадени од „Авицена лабораторија“ се валидни и ги исполнуваат условите за патување во странство.

За подетални информации посетете ја веб-страницата www.avicenalab.com.mk

17.06.2021 - 20:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега