Авионите се „корона бомба“: Една патничка заразила 15 лица

 Долгите летови се погодна „почва“ за ширење на коронавирусот, е заклучокот на една студија, која покажа дека на летот од Лондон до Нахоја, еден патник заразил 15 лица во авионот.

Станува збор за летот VN54 од 1 до 2 март, а на летот имало жена од бизнис-класа која кашлаше и имаше болки во грлото.

Кога слетала во Виетнам, качила температура и потоа била тестирана на коронавирусот.

Научниците можеа да го испитаат овој случај и дојдоа до заклучок дека 12 лица од бизнис класа и двајца патници од економска класа, како и една стјуардеса, биле заразени со вирусот.

Во текот на летот, никој од новоинфицираните немаше симптоми.

Врз основа на тоа истражување, пренесуваат австриските медиуми, научниците докажале дека движењето на аеросолите може да претставува проблем во авионите и дека авионите се плодна почва за масовно ширење на вирусот Ковид19.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега