АВМУ го осудува попречувањето на екипа на ТВ Алфа да го проследи настанот на Мечкин Камен

Во писмено соопштение испратено до медиумите од АВМУ потенцираат дека го осудуваат попречувањето на новинарската екипа на ТВ Алфа, да го проследи настанот по повод одбележувањето на празникот Илинден на 2ри август на Мечкин Камен во Крушево.

„Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува попречувањето на новинарската екипа на ТВ Алфа, да го проследи настанот по повод одбележувањето на празникот Илинден на 2ри август на Мечкин Камен во Крушево.

Потсетуваме дека е особено важно на сите медиуми без исклучок да им се обезбедат еднакви услови и пристап за известување на настани кои се од јавен интерес, а медиумските работници во ниту еден момент не смеат да бидат попречени во вршењето на работните задачи, особено кога се работи за информирање на јавноста за важни општествени случувања“, стои во писменото соопштение на АВМУ.

04.08.2022 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега