Аврамопулос: Да не дозволиме Балканот да се ребалканизира

 Еврокомесарот за миграции, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамополос смета дека Европската комисија е јасна кога станува збор за отворање на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, но дека одлуката за продолжување на евроинтеграцискиот процес за двете земји е во рацете на земјите членки.

– Да бидеме многу внимателни со Балканот. Да не дозволиме Балканот да се ребалканизира на начин како во минатото, предупреди Аврамопулос.

Советот на ЕУ на вчерашниот состанок во Луксембург не успеа да постигне договор околу следните чекори во процесот на проширување на ЕУ. Одлуката за тоа дали и на кој начин Скопје и Тирана ќе почнат пристапни преговори за членство би требало ЕУ лидерите да го донесат утре и задутре на состанокот во Брисел. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2019 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега