Австралија гори, Сиднеј прекриен со опасен чад: Пожарникарите се борат со повеќе од 150 пожари

Пожарникарите и денес се борат да сопрат скоро 150 пожари во државата  Нов Јужен Велс во Австралија, а Сиднеј е повторно прекриен со опасен чад чие ширење допринесе силниот ветер.

Најмалку четири луѓе загинаа во пожари од почетокот на ноември, а повеќе од 680 куќи се уништени. Активни пожари има во Нов Јужен Велс, Викторија, Јужна Австралија и Квинсленд.

Најголем број од пожарите избувнаа на источниот брег на Австралија, додека пожарникарите се обидуваат да ги стават под контрола и осумте пожари околу Сиднеј, каде живеат околу пет милиони луѓе. Гаснењето на огнената стихија е отежнато поради силниот ветер којшто го шири огнот.

Поради силно загадениот воздух, фудбалката федерација им предложи на клубовите да ги откажат сите натпревари кои треба да се одиграат на отворено.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега