Австрискиот претседател за промените во Уставот: Ја разбирам фрустрацијата, но не губете време, не треба да се драматизира

 

Претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен, смета дека внесувањето на Бугарите во Уставот не треба да се драматизира. Прашан дали тој лично ќе ја убедува опозицијата да гласа за уставните измени, тој рече: „Не би сакал премногу да се изјаснам во однос на внатрешнополитички прашања во Северна Македонија“.

„Во парламентот ќе држам говор и ќе ги замолам сите пратенички групи со длабоко размислување да постапат по ова прашање и да размислат што стои долгорочно. Заштитата на малцинствата во Северна Македонија се подразбира, а следниот чекор (уставните измени) не треба да се драматизира, според мене“, рече претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен.

Тој посочи дека ги разбира реакциите на граѓаните поради новите услови од Бугарија, кои влегоа во преговарачката рамка, но посочи дека треба да се искористи моментот и да не се губи време.

„Јас имам огромно разбирање за фрустрацијата која е присутна во однос на преговорите со Унијата. Токму затоа е важно, овој момент, ова ново забрзување, зајакнатиот интерес на ЕУ, да се искористи и да не се изгуби дополнително време. Се надевам дека овој следен чекор треба да се реализира“, додаде тој.

29.03.2023 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега