Автомобил излета од коловозот во Кочани: Три девојки однесени во болница

Три девојки се здобиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила во Кочани.

„На 08.05.2021 во 22:25 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Зрновци-с.Грдовци, во близина на мостот на река Брегалница, патничко возило „цитроен“, со кочански регистарски ознаки, управувано од А.М.(31) од населба Оризари, излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.С.(21), а со телесни повреди се здобиле уште две сопатнички А.А.(23) и Д.С.(25), сите три од Кочани, констатирани во Општата болница Кочани. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Кочани“, информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.05.2021 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа